ВИЛА ЈОТА се наоѓа на самиот влез во Парга, на 300метри од градската плажа и 500метри од центарот. Вилата има сопствен паркинг, располага со двокреветни и трокревети студија и четворокреветни апартмани. Секое студио/апартман е со балкон, комплет опремена кујна, ТВ, клима (со доплата 7евра на ден ) и Wi-Fi, пешкири и постелнина се менува 2 до 3 пати во текот на престојот ( зависно 7 или 9 ноќи), чистење секојдневно.
Студио бр.1 двокреветно студио со брачен кревет на високо приземје.
Студио бр.5 трикреветно студио со 3 единечни креветни на високо приземје.
Апартман бр.2 и бр.4 - четворокреветни апартмани со две соби, кујна со брачен кревет и спална со 2 еднинечни кревети на високо приземје.
Апартман бр.8 четворокреветен апартман со две соби, кујна со брачен кревет и спална со 2 еднинечни кревети на 1кат.
Вила ХЕЛИОС ГАРДЕН, се наоѓа во Лименас, околу 350м од центарот на градот и околу 900 м,
од градската плажа. Покрај одличната локација во мирно окружување, вилата има голем базен( без дел за деца) со лежалки и чадори (без доплата), мала рецепција со лоби, мало игралиште за деца, ѕидана скара која е на располагање на гостите и паркинг.
Двокреветните студија се опремени со француски лежај, дел со кујна, купатило и тераса со гарнитура за седење. Студијата имаат плазма ТВ и интернет. Климата е со доплата 6 Еур на ден. Величина на студијата 16-18м2+ тераса
Вила Атина Студиос е лоцирана во Голден Бич на 70 м. од самата плажа Голден бич. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија (француски лежај и класичен лежај или софа), , опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса со тенди. Вилата располага и со сопствен паркинг и двор за користење на гостите со гарнитура за седење.
Собите се наоѓаат на прв и втор кат и сите се со поглед кон море.
ПАРГА –градче кое се наоѓа во приморскиот дел на Епир, на Јонско море, 60 километри од Јанина и 540 километри одалечено од Скопје. Денес Парга е најпознатото летувалиште во таа област. Интересно за Парга е дека влече корени од античко време, а големи влијанија имаат и западната цивилизација и култура. Жителите се пријатни, во нивниот дух ќе го осетите големото вилајнието на венецијанска култура, британската прецизност и турската гостопримливост. Денес Парга е комплетно летувалиште каде секој ќе пронајде по нешто за себе: две градски плажи, долгото шеталиште покрај море, плажата Валтос- одалечена околу 20 мин. пешачење, плажата Лихнос, старата градска тврдина која датира од 14 век, голем избор на еднодневни излети до островите Крф, Паксос, Антипаксос, Лефкада...
Вила Anemohadi – Сивири
Вилата е на 50m од центарот на Сивири, 70m од плажа.
Има 1/2+2 апартмани кои се состојат од 2 одделни соби, спална соба со брачен кревет и кауч на расклопување во дневната соба. Сите апартмани имаат сопствена тераса, мини кујна, телевизор и клима уред (вклучено во цена)
Скала Потамиа е древно рибарско село, кое се наоѓа на јужниот дел на заливот и преубавата плажа Голден бич.
Вилата поседува двокреветни студија, двокреветни студија со дополнително легло и четворокреветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена кујна, ТВ, интернет и клима ( со доплата) и прекрасен двор.
Вилата е одалечена 500 м од морето.