Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Вила Александра - Лименас

    €149,00
    Вила Александра е лоцирана во Лименас во близина на шеталиштето со таверни и дуќани , на 300 м. оддалеченост до најблиската плажа и околу 700 м. од градската плажа. Вилата е поскромно уредена и располага со 1/2 и 1/3 студија, опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса. Вилата нема сопствен паркинг, но има паркинг во близина. Координати 40º 46'38.38"N 24º 42' 26.27"E

    Вила „ ЛИНА “ – МЕТАМОРФОЗИ

    €149,00
    Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл. Опис на објект Метаморфози, вашата дестинација за целосно исполнување на вашите очекувања за заслужениот одмор во Грција. Уживајте во привлечноста на кристално чистото Егејско Море, живописните плажи и паркови како и локалната култура. Со својата раскошна понуда на хотели, ресторани и активности, Метаморфози ќе ве трансформира во вистински љубител на грчкиот начин на живот. Резервирајте сега и доживејте ја вашата метаморфоза со нас! Вила Лина е срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк. По сеопфатното реновирање, Вила Лина гордо блеска со својот нов сјај, подготвена да ги пречека гостите со освежувачка комбинација на модерен дизајн и топлина на домот. Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, Wi-Fi и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

    ВИЛА „ГАЛИНИ “ – КАЛИТЕА

    €139,00
    Вилата ГАЛИНИ се наоѓа на сама плажа.Располага со сопствена плажа, лежалки и чадор за секоја соба. Идеална локација за вистински одмор со опуштање од звукот и бојата на морето.Сите соби се со поглед на море. Вилата располага со безжичен интернет со брзина вообичаена за грчките конекции. Вилата е од категорија Ц и е постара градба. Секоја соба има мини вц со туш и мини кујна,решо,кујнски инвентар,фрижидер,тв, клима уред и тераси. Во превод КАЛИТЕА значи убав поглед. Ова е единственото место со неверојатна глетка према торонеискиот залив. Широката песочна плажа со ситен песок и чиста вода се симбол на плавото знаме кое КАЛИТЕА го добива секоја година од страна на ЕОТ.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – СИВИРИ

    €139,00
    Опис на објект СИВИРИ - ЛЕТО 2025 Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не го заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00! Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури! Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.

    ВИЛА ЏУЛИ 2- ЈЕРИСОС

    €139,00
    ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи. Вила Џулисе наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел веднаш зад познатиот caffe bar ‘Paprika’. Куќата располага со студио и апартман кои можат да се изнајмат и како заедничка целина (споено), бидејќи се поврзани со скали, но може и како одвоени. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата. 40°24'02.1"N 23°52'46.1"E 40.400575, 23.879469

    ВИЛА „ХРИСТОС” – ПОЛИХРОНО

    €129,00
    Вила ХРИСТОС – се наоѓа на 300 метри од плажа во мирно опкружување. Вилата располага со 1/3апартмани и 1/4дуплекс апартмани, сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi и клима (вклучена во цена)
    Опис на апартманите: 1/3 апартман – лоцирани на 1 и 2 кат, две простории, спална со 3 поединечни кревети и кујна со трпезарија од каде се излегува на балкон. 1/4 дуплекс апартман – лицирани на 1 и 2 кат, три простории, две спални со по два поединечни кревети, од едната спална се излегува на балкон, и кујна со трпезарија и кревет на извлекување од каде исто така се излегува на балкон.