Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    Вила „ ПЕТРИДИС “ – МЕТАМОРФОЗИ

    €99,00
    Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања. Главната декорација е централниот паркот, а плажата е песочна и километарска. Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл. НА ПЛАЖА Вилата Петридис се наоѓа на првиот ред вили во Метаморфозис.Идеално место за фамилијарен одмор.Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на високо приземје и први кат бр.12 и бр.17 .Сите апартмани се опремени со кујна во која има два поединечни кревети сопствен тоалет, ТВ, клима и спална која има дупол кревет и излегува на балкон .Во дворот на вилата во паркот има играчки,лулашки,лизгалки за деца.

    ВИЛА КОСТАС - ЈЕРИСОС

    €99,00
    Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

    ВИЛА ТАКИС & МАРИА - ЈЕРИСОС

    €99,00
    ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

    ВИЛА YOTIS- ЈЕРИСОС

    €99,00
    ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

    ВИЛА „“La Plage” – Неа Флогита

    €99,00
    НЕА ФЛОГИТА, туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики. Се издвојува со нај долгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе Ви ги исполнат деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење ве пресретнува градот Неа Мудања, еден од најголемите градови во областа Халкидики.

    ВИЛА „МАРИА МАВРИДУ” – НЕИ ПОРИ

    €99,00
    Неи Пори е приморско место, едно од најпопуларните летувалишта во Грција. Сместен е под планината Олимп, од нашата граница е оддалечен околу 160 км, а до Катерини е 60 км. Во близина на Неи Пори се наоѓа Платамона, а на јужната страна реката Пиниос. Карактеристично за ова место е широката и долга песочна плажа, кристално чисто море, паркови и игралишта за деца. Низ целото место ќе најдете голем број на кафулиња, таверни, ресторани и плоштади. Сето ова го прави Неи Пори идеално место за да го поминете вашиот семеен одмор. Неи Пори е изграден во 1976 година и граден е по урбанистички план, па затоа улиците се широки, а населението во главно се занимава со туризам. Во местото постојат и објекти како што се црква, основно училиште, културен центар, фудбалски игралишта, амбуланта и голем број на апартмани и хотели. Самото место е специфично бидејќи широки улици, големите плоштади и детски игралишта се лоцирани во близина на плажа. Плажата е многу пространа, широка околу 100 метри и долга околу 6 км. Плажата е песочна, со ситен златно-жолт песок, а ист таков е и во вода низ кој постепено се влегува и се доаѓа до длабочината, каде морето е познато по својата чистота и прозирност. Куќа “Maria Mavridu” се наоѓа во централниот дел на Неи Пори, на околу 140 метри од плажата. Располага со трокреветни и четворокреветни полуапартмани на првиот и вториот кат. Секоја сместувачка единица располага со основно опремена кујна која е во посебна просторија, но не е одвоена со врати, сопствен тоалет, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред (со доплата).