Лефкада или Лефкос е остров во Јонското Море, поврзан со копното со автопат. Лефкада спаѓа меѓу поголемите острови во Грција. Во насока север-југ е долг 35 километри, додека исток-запад, преку 15 километри. Вкупната површина на островот изнесува 336 километри квадратни. Највисоката точка на островот е планината Ставрота, која се издига до 1.158 метри надморска височина. Од Лефкада редовно сообраќаат ферибродови до Кефалонија, Итака и Меганиси. Главниот град на островот е истоимениот град, Лефкада, којшто се наоѓа на северно-источниот дел од островот. Островот е познат е по прекрасните плажи од кои застанува здивот.