НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбани градови во областа Халкидики.
Куќа “Макис” е лоцирана на главната улица кај фудбалското игралиште во Неа Флогита, на само 50 метри од прекрасната плажа и 100 метри од центарот на местото и е идеална за семејства со деца. Располагаме со 3 четирикреветни квалитетни мезонети на високо приземје кои имаат делумен поглед море. Секој мезонет располага со комплетно опремена реновирана кујна, ТВ и сопствен тоалет. Wi-Fi, клима уред и сет пешкири се вклучени во цената. Мезонетите имаат сопствени тераси и одличен нов мебел. Паркингот е обезбеден пред куќата. Во близина на куќата има пазар на 70 метри, пекара на само 20 метри додека најблискиот голем супер маркет е оддалечен на најмногу 50 метри.
ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.
Вила "Евангелија" се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од песочната плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 4 наши квалитетни апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата.
1/4 апартман број 5 - прв кат, со поглед кон градина, има тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
1/3+1 апартман број 6 – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со пространа тераса. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и одлична кујна со сите потребни елементи.
1/3+1 апартман број 2 - втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, а стандарден кревет + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но тесна тераса која гледа кон градина. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
1/3+1 апартман број 3 - втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со поглед море. Опремен е со одличен квалитетен мебел и сопствен тоалет.
Координати: 40.399252, 23.880963
Неа Каликратија е град со многубројни занимливости за секој турист.Има долга песочна плажа, многубројни ресторани, таверни, кафетерии, забавни паркови за деца,супермаркети Лидл и останати занимливости. Интересно за посетата е плажата “Сахара“ која се наоѓа во непосредна близина 3-4 км. од Неа Клаикратија.
Вилата Ставрос се наоѓа на 200 метри од плажа во Неа Каликратија.Студијата располагаат со кујни стандардно опремени,фрижидер, тв, клима уред , Wi-fi ,тераси и паркинг во дворот во зависност од слободно место.
Вила СПАНОС се наоѓа централниот дел на Полихроно, на оддалеченост од 200м од плажа. Вилата располага со четворокреветни апартмани.Апартманите се наоѓаат на први спрат, Сите апартмани се опремени со кујна, сопствен тоалет, ТВ, клима и балкон.
200 М. од плажа
ВИЛАТА “KOSTAS” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA ПЛАЖА (ПРВ РЕД)
НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА KOSTAS ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА.
НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ.
СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.