Вила Атина Студиос е лоцирана во Скала Потамија на 70 м. од самата плажа Голден бич. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија (француски лежај и класичен лежај или софа), , опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса.
Собите се наоѓаат на прв и втор кат и сите се со поглед кон море.
Координати 40º 43' 53.16" N 24º 45' 33.11" E
Вила Александра е лоцирана во Лименас во близина на шеталиштето со таверни и дуќани , на 300 м. оддалеченост до најблиската плажа и околу 700 м. од градската плажа. Вилата е поскромно уредена и располага со 1/2 и 1/3 студија, опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса. Вилата нема паркинг.
Координати 40º 46'38.38"N 24º 42' 26.27"E
Вила Елени - Потос
Вила Елени Потос се наоѓа во непосредна близина на центарот на Потос, на 250 м од плажата. Во својата понуда има двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и трокреветни апартмани. Опремени се со чајна кујна, фрижидер, мини електричен шпорет и кујнски садови без тавчиња, наменета за спремање на лесни оброци, ТВ, туш, Ви Фи ( не гарантираме добар проток), балкон со гарнитура за седење и тенди, клима ( со доплата). Собите се наоѓаат на приземје и втор кат.
Вилата не располага со сопствен паркинг. Паркингот на Потос е оддалечен 100 метри од вилата.
Координати: N 40° 36′ 45″ E 24° 36′ 23.0000000004″
Скала Потамиа е древно рибарско село, кое се наоѓа на јужниот дел на заливот и преубавата плажа Голден бич. Вилата Пенелопе се наоѓа во летувалиштето Скала Потамиа во близина на песочната плажа. Скала Потамиа е оддалечена околу 15 км. од градот Лименас.
Во непосредна близина се наоѓаат продавници, таверни, ресторани и барови.Вилата нема базен . Вилата поседува двоикреветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена кујна, ТВ, интернет и клима ( со доплата).
Вила Пенелопе - Скала Потамиа
Скала Потамиа е древно рибарско село, кое се наоѓа на јужниот дел на заливот и преубавата плажа Голден бич. Вилата Пенелопе се наоѓа во летувалиштето Скала Потамиа во близина на песочната плажа на Скала Потамиа и Голден Бич. Скала Потамиа е оддалечена околу 15 км. од градот Лименас. Во непосредна близина се наоѓаат продавници, таверни, ресторани и барови.
Вилата нема базен . Вилата поседува дво креветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена мини кујна, ТВ и клима ( со доплата).
Собите се наоѓаат на приземје и прв кат (собите кои се на прв кат имаат заедничка тераса преку која се влегува во собите, а собите на приземје излегуваат во заеднички двор слободен за користење на гостите од вилата)
Вилата не располага со сопствен паркинг.