Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ALOE АПАРТМАТНИ

    €105,00
    Хотелот се наоѓа на само 130 метри од GOLDEN BEACH во Скала Потамиа опкружен со борова шума. Студиата се 1/3 и 1/4 располагаат со комплетно опремена кујна, бања, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од сезона 2017, понудата на Нехар Травел за хотел Алое е зголемена и со хотелските А – категорија на соби со кои располага овој капацитет (без кујна). Понудата за истите е со појадок и вечера. Хотел Алое како и неколку други вили на барање на задоволните гости е дел од нашата понуда неколку години. Проверете и сами.
    ОБЈЕКТОТ Е КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН (МАРТ 2015). На располагање на гостите има и базен кое користење е вклучено во цената.

    ВИЛА ” CATRIN” GOLDEN BEACH (СКАЛА)

    €110,00
    На само 100м до најубавата плажа на островот Тасос, ве дочекува луксузната вила Катрин, сместена во прекрасно уреден двор со цвеќе и украсни дрвца, зеленило и мирис на цитрус. Студиата се модерно уредени со еден брачен лежај и софа на расклопување, комплетно опремена кујна, ТВ, клима уред, купатило, пространа тераса (10m2) со гарнитура за седење,тенда.

    ВИЛА ” RANIA” СКАЛА ПОТАМИА

    €120,00
    Вилата се наоѓа во Скала Потамиа на околу 50-тина метри од една од најубавите плажи на островот. Вилата располага со 1/3+1 и 1/4 аппартмани на прв кат и приземје. Апартманите кои се на кат имаат тераси со делумен поглед на море. Апартманот на приземје е со директен излез во двор. Сите сместувачки единици во вилата имаат комплетно опремена кујна, сопствена бања, ТВ, клима уред чие користење е вклучено во цената како и бесплатен интернет.

    ВИЛА „ALBATROS“ – ЛИМЕНАС

    €110,00
    Вилата Албатрос е една од најубавите вили во главниот град на Тасос – Лименас. Се наоѓа во мирниот дел на градот на 800 метри од центарот и на две минути до модерно уредената плажа пред вилата. Располага со луксузни трокреветни студиа со три стандардни кревети и комплетно опремени кујни. Студиата кои се наоѓаат на приземје имаат сопствено дворче со тревна површина, а тие што се на првиот кат имаат комфорни тераси со делумен или директен поглед на море. Сите студиа се реновирани за 2014 год. и имаат сопствено купатило, ТВ-LCD, клима уреди. Вилата има можност и за бесплатно користење на интернет. На 200 метри од вилата се наоѓа плажата Тарсанас која е исто така уредена и има повеќе содржини.

    ВИЛА „MARY“ – СКАЛА СОТИРА

    €80,00
    Вилата се наоѓа во Скала Сотира на 170 метри од плажа. Во состав на вилата има и базен чие користење е бесплатно за гостите од вилата. Сите соби располагаат со комплетно опремена кујна, купатило, ТВ и клима уред. Доплата за користење на клима уред во студиата е 4€, во апартманите 5€ на ден. Двокреветните студиа се со брачен кревет, комплетно опремена кујна и бања, 1/3 студија имаат еден брачен кревет, едно стандардно легло, комплетно опремена кујна и бања, 1/4 апартманите се на две нивоа, на долниот спрат има комплетно опремена кујна со трпезарија и клима уред, една одвоена спална соба со брачен кревет и бања, а на горниот спрат има два одвоедни стандардни кревети и клима уред. Сите соби располагаат со големи тераси, дел од нив се свртени кон море а дел кон градина. Вилата има идеална локација мирен одмор. Природата во околината и базенот Ви нудат дополнително уживање.

    ХОТЕЛ ” ALOE ” СКАЛА ПОТАМИА

    €150,00
    Хотелот се наоѓа на само 130 метри од GOLDEN BEACH во Скала Потамиа опкружен со борова шума. Студиата се 1/3 и 1/4 располагаат со комплетно опремена кујна, бања, ТВ и клима уред чие користење е вклучено во цената. Од сезона 2017, понудата на Нехар Травел за хотел Алое е зголемена и со хотелските А – категорија на соби со кои располага овој капацитет (без кујна). Понудата за истите е со појадок и вечера. Хотел Алое како и неколку други вили на барање на задоволните гости е дел од нашата понуда неколку години. Проверете и сами.

    ХОТЕЛ ” RACHONI RESORT 3*” СКАЛА

    €199,00
    Скала Рахони се наоѓа на 11км западно од Лименас, опкружено со прекрасна природа и природни сенки распослани на песочната плажа. Идеално за релаксација и мирен одмор. Најубавиот залез на сонцето е токму во ова место.
    Хотелот Рахони (комплетно реновиран март 2015) е сместен на приватна песочна плажа, располага со два базени, детски базен, фитнес центар, масажи, приватна плажа, бар,ресторан, снек бар. Собите се модерно уредени, опремени со ТВ, купатило, клима, фрижидер, балкон.
    Користењето на лежалки и чадори покрај базените и на плажа е БЕСПЛАТНО.
    WIFI -БЕСПЛАТНО.

    KРФ – ОПИС НА ОСТРОВОТ И ИЗЛЕТИ

    €0,00
    Крф e втор по големина од седумте поголеми Јонски Острови, а воедно и еден од најубавите грчки острови. Крф лежи во Јонско Море, кое е дел од Средоземно Море, а северно се спојува со Јадранско Море. Со таа положба си обезбедува место како најсеверен значаен остров во Грција. Островот Крф со околните острови и гребени чинат посебна општина, која припаѓа на истоимениот округ Крф. Крф се наоѓа на крајниот северозапад на Грција во Јонско Море, 2 km северно од Крф се наоѓа албанскиот брег. Крф е многу поблиску до нејзиниот брег отколку до брегот на Епир (околу 15 km). Јужно од Крф се наоѓаат Пакси и Антипакси (околу 15 km). Зафаќа површина од 614 km2 и население од 102.000. Главен град е Крф, 40.000 жители.

    Грција

    Filter by:

    Clear All
    Min: €0,00 Max: €229,00
    0 229