Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „ЗАФИРИЈА” – ПОЛИХРОНО

    €260,00
    Вилата ЗАФИРИЈА се наоѓа во мирен дел на само неколку минути од центарот и на 150 метри од плажа. Реновирана во 2019 година. Секое студио/апартман е опремено со мини кујна, бања, балкон, ТВ, WiFi (од 01 Јуни) и клима уред, вклучена во цената. Студио бр.2 и бр.3 – двокреветно студо, брачен кревет, на 1кат. Студио бр.6 и бр.7 – трикреветно студио, брачен и единечен кревет, на 2кат. Студио бр.Б – четворокреветно студио, 4 единечни кревети, на приземје. Апартман бр. А – трокреветен апартман со две соби, брачен во спална, единечен во кујна, на приземје. Апартман бр. 1 и бр.4 – трокреветен апартман со две соби, брачен во спална, единечен во кујна, на 1кат. Апартман бр.5 – трокреветен апартман со две соби, 2 единечни во спална, единечен во кујна, на 2кат. Апартман бр.8 – четворокреветен апартман, брачен во спална, два единечни во кујна, на 2кат. Координати 40.016444171277335, 23.527702230687996

    Вила Анемохади – СИВИРИ

    €179,00
    Вила Anemohadi – Сивири Вилата е на 50m од центарот на Сивири, 70m од плажа. Има 1/2+2 апартмани кои се состојат од 2 одделни соби, спална соба со брачен кревет и кауч на расклопување во дневната соба. Сите апартмани имаат сопствена тераса, мини кујна, телевизор и клима уред (вклучено во цена)

    ВИЛА ЏУЛИ 2- ЈЕРИСОС

    €139,00
    ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи. Вила Џулисе наоѓа на одлична местоположба, на само 50 метри од плажа, во многу мирен дел веднаш зад познатиот caffe bar ‘Paprika’. Куќата располага со студио и апартман кои можат да се изнајмат и како заедничка целина (споено), бидејќи се поврзани со скали, но може и како одвоени. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има сопствен паркинг пред вилата. 40°24'02.1"N 23°52'46.1"E 40.400575, 23.879469

    ВИЛА БИЛИС - ЈЕРИСОС

    €109,00
    Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани. Вила "Billys" се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште, над fast food-caffe ‘Streat’, спроти caffe bar ‘Theatro’. Вилата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата. Апартман број 1 (1/4+1 ) - прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет. Апартман број 2 (1/6+1) – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна) и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови. Координати: 40.399927, 23.880494

    ВИЛА SOULA - ЈЕРИСОС

    €99,00
    ЈЕРИСОС е најубавото и најголемото туристичко место на третиот крак Aтос. Има прекрасна долга песочна плажа која во зеленило и бујна вегетација ве разладува и разгалува во летните месеци. Голема пешачка зона со многу паркови,игралишта,забавни паркови ,таверни, клубови во совршен спокој и мир е епитетот на заливот под Атос – Јерисос.Над самата плажа има аквариум бесплатен за посетителите, супермаркети – Лидл,парфимерии и автентични грчки музеи.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – СИВИРИ

    €139,00
    Опис на објект СИВИРИ - ЛЕТО 2025 Сивири е место кое се наоѓа на западниот прег на фамозната Касандра! Сместено помеѓу густата борова шума од едната страна и тиркизно синото море од другата страна, Сивири нема да ве остави рамнодушни во ниеден случај. Ситно песочната плажа му е фантастична за незаборавен семеен одмор, а плиткиот влез во Егејското море им овозмужува на најмалите по цел ден да се на плажа без никакви грижи! Да не го заборавиме најдобрата страна на ова магично место, во топлите летни денови сонцето заоѓа околу 21:00! Вила Христос е со едната нога во песок, во средината на самото шеталиште во Сивири! Сите нејзини соби се целосно опремени како што пишува подолу, а сега ќе ви кажеме дека сите тераси се странично позиционирани кон море и можете секојдневно да го уживате зајдисонцето во удобноста на вашиот апартман/студио. Располага со двокреветни, трокреветни студија и четрикреветни апартамни, што значи дека можат да одговарат на сите структури! Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди - сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што ќе Ви го прави престојот во Сивири не само удобен, туку и безгрижен.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – НЕИ ПОРИ

    €119,00
    ВИЛА ХРИСТОС се наоѓа на 50 метри од плажа. Расоплага со троктеветни студија и петокревети / шестокреветни апартмани и дуплекс апартмани сите лоцирани на втори кат. Секое студио/апартман има балкон, комплет опремена кујна со фрижидер, бања, ТВ, клима (се доплаќа 5евра на ден) и Wi-Fi. Сместувањето е Б категорија. Опис: Студио – една просторија со кујна, брачен и единечен кревет. Апартман – две простории од кои во едната има кујна и брачен кревет и втората просторија во која има брачен и единечен кревет. Дуплекс апартман - со три простории, една спална со два брачни кревети, втора спална со брачен и единечен кревет и посебно кујна.

    ВИЛА „ХРИСТОС” – ПОЛИХРОНО

    €129,00
    Вила ХРИСТОС – се наоѓа на 300 метри од плажа во мирно опкружување. Вилата располага со 1/3апартмани и 1/4дуплекс апартмани, сите се со балкон, комплет опремена кујна, бања, ТВ, Wi-Fi и клима (вклучена во цена)
    Опис на апартманите: 1/3 апартман – лоцирани на 1 и 2 кат, две простории, спална со 3 поединечни кревети и кујна со трпезарија од каде се излегува на балкон. 1/4 дуплекс апартман – лицирани на 1 и 2 кат, три простории, две спални со по два поединечни кревети, од едната спална се излегува на балкон, и кујна со трпезарија и кревет на извлекување од каде исто така се излегува на балкон.

    ВИЛА „Костас'' – Неа Потидеа

    €89,00
    ВИЛАТА “KOSTAS” СЕ НАОЃА ВО НЕА ПОТИДЕА НА САМA ПЛАЖА (ПРВ РЕД) НЕА ПОТИДЕА E ПРВОТО ЛЕТУВАЛИШТЕ НА ПРВИОТ КРАК – КАСАНДРА ВО ОБЛАСТА ХАЛКИДИКИ. ВИЛАТА KOSTAS ИЗЛЕГУВА НА НАЈУБАВИОТ ДЕЛ ОД ПЛАЖАТА ВО НЕА ПОТИДЕА. НЕА ПОТИДЕА ИМА НАЈШИРОКА ПЛАЖА И НАЈЧИСТО МОРЕ ОБЕЛЕЖАНО СО СИНО ЗНАМЕ ЗА ЧИСТОТАТА НА ВОДАТА. ИДЕАЛНО МЕСТО ЗА ОДМОР, ПЛИВАЊЕ, ДЕТСКИ ЗАНИМЛИВОСТИ И РЕКРЕАТИВНО-ЗАБАВНИ СОДРЖИНИ. СВЕЖАТА НАЈВКУСНА И РАЗНОЛИЧНА МОРСКА ХРАНА СЕ ИДЕАЛНИОТ ИЗБОР ЗА РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА НЕ САМО ЗА ТУРИСТИТЕ ТУКУ И ЗА ЛОКАЛНИТЕ ЖИТЕЛИ. ГОЛЕМ БРОЈ НА ТАВЕРНИ И РЕСТОРАНИ СЕ ЛОЦИРАНИ НА ШЕТАЛИШТЕТО ПРЕПОЗНАТЛИВИ ПО ВКУСОТ И ТРАДИЦИЈАТА ПОВИКУВАЈЌИ ВЕ ЗА ПОВТОРНО ДОАЃАЊЕ.