Close
Понуди
    Filters
    Пребарување

    Грција Лето 2025

    Види како Табела Листа
    Подреди по
    Приказ по страна

    ВИЛА „НАТАША” – ХАНИОТИ

    €129,00
    Вила Наташа се наоѓа во близина на центарот на Ханиоти, на околу 150 метри од плажата. Вилата располага со трикреветни студија и апартмани и четирикреветни дуплекс апартмани кои се наоѓаат на втор и трет кат. Сите соби располагаат со комплет опремени кујни, бања, ТВ, Wi-Fi, крпи и клима уред. Има лифт, а карши вилата има јавен паркинг. Вилата располага со заеднички простор за седење, кој гостите го користат за време на нивниот престој. Координати: 40.0002530723823, 23.57648982528625

    Вила Елени - Потос

    €129,00
    Вила Елени - Потос Вила Елени Потос се наоѓа во непосредна близина на центарот на Потос, на 250 м од плажата. Во својата понуда има двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија и трокреветни апартмани. Опремени се со чајна кујна, фрижидер, мини електричен шпорет и кујнски садови без тавчиња, наменета за спремање на лесни оброци, ТВ, туш, Ви Фи ( не гарантираме добар проток), балкон со гарнитура за седење и тенди, клима ( со доплата). Собите се наоѓаат на приземје и втор кат. Вилата не располага со сопствен паркинг. Паркингот на Потос е оддалечен 100 метри од вилата. Координати: N 40° 36′ 45″ E 24° 36′ 23.0000000004″

    Вила Пенелопе - Скала Потамиа

    €129,00
    Скала Потамиа е древно рибарско село, кое се наоѓа на јужниот дел на заливот и преубавата плажа Голден бич. Вилата Пенелопе се наоѓа во летувалиштето Скала Потамиа во близина на песочната плажа. Скала Потамиа е оддалечена околу 15 км. од градот Лименас. Во непосредна близина се наоѓаат продавници, таверни, ресторани и барови.Вилата нема базен . Вилата поседува двоикреветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена кујна, ТВ, интернет и клима ( со доплата). Вила Пенелопе - Скала Потамиа Скала Потамиа е древно рибарско село, кое се наоѓа на јужниот дел на заливот и преубавата плажа Голден бич. Вилата Пенелопе се наоѓа во летувалиштето Скала Потамиа во близина на песочната плажа на Скала Потамиа и Голден Бич. Скала Потамиа е оддалечена околу 15 км. од градот Лименас. Во непосредна близина се наоѓаат продавници, таверни, ресторани и барови. Вилата нема базен . Вилата поседува дво креветни студија со купатило со туш, фрижидер, комплетно опремена мини кујна, ТВ и клима ( со доплата). Собите се наоѓаат на приземје и прв кат (собите кои се на прв кат имаат заедничка тераса преку која се влегува во собите, а собите на приземје излегуваат во заеднички двор слободен за користење на гостите од вилата) Вилата не располага со сопствен паркинг.

    ВИЛА „АМЕЛИЈА” – ЛЕПТОКАРИЈА

    €109,00
    ЛЕПТОКАРИЈА – вила АМЕЛИ Лептокарија – мало медитеранско гратче во подножјето на Олимп, морето е кристално, а грчкото кафе има посебен вкус. Место каде што секој залез на сонце е приказна сам за себе. Вила Амели се наоѓа во централниот дел на Лептокарија на оддалеченост 180 метри од плажа. Вилата во својата понуда нуди трикреветни студија. Сите студија се опремени со основно опремена кујна, тоалет, тераса, телевизор, клима уред ( со доплата ).

    ВИЛА „ТУБА” – НЕИ ПОРИ

    €119,00
    ВИЛА ТУБА- НЕИ ПОРИ ВИЛА ТУБА се наоѓа на 290 метри од плажа. Располагаме со два четирикреветни апартмана на приземје и на 2 кат. Секој апартман има балкон, комплет опремена кујна со фриждер, бања, ТВ, клима (се доплаќа на лице место) и Wi-fi. Пред вилата има паркинг.

    ВИЛА ЕВАНГЕЛИЈА - ЈЕРИСОС

    €99,00
    Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани. Вила "Евангелија" се наоѓа на одлична локација, на само 50 метри од песочната плажа, во мирна уличка, а многу блиску до главната улица во Јерисос. Во куќата располагаме со 4 наши квалитетни апартмани на прв и втор кат. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Куќата располага со убаво среден сопствен двор со зеленило, цвеќиња, сопствена ѕидана скара и маси и столови во дворот. Има паркинг веднаш зад куќата. 1/4 апартман број 5 - прв кат, со поглед кон градина, има тесна, но долга тераса со маса и столови. Апартманот е простран и има брачен кревет во одвоена спална соба и 2 единечни стандардни кревети во кујна која е со сите потребни елементи. Од двете соби се излегува на терасата. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет. 1/3+1 апартман број 6 – прв кат, простран одличен апартман со страничен поглед море со пространа тераса. Располага со брачен кревет во одвоена спална соба и 1 стандарден + 1 еден кревет на извлекување заедно со кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет и одлична кујна со сите потребни елементи. 1/3+1 апартман број 2 - втор кат. Има одвоена спална соба со брачен кревет, а стандарден кревет + 1 помал кревет за дете до 12 години во дневна соба со одлична кујна, која ги има сите потребни елементи . Апартманот има долга, но тесна тераса која гледа кон градина. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет. 1/3+1 апартман број 3 - втор кат. Квалитетен апартман со одвоена спална соба со брачен кревет, а еден стандарден и еден кревет на извлекување во дневна заедно со целосно опремена одлична кујна. Пространа тераса со поглед море. Опремен е со одличен квалитетен мебел и сопствен тоалет. Координати: 40.399252, 23.880963

    Атина Студиос - Голден бич

    €189,00
    Вила Атина Студиос е лоцирана во Голден Бич на 70 м. од самата плажа Голден бич. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија (француски лежај и класичен лежај или софа), , опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса со тенди. Вилата располага и со сопствен паркинг и двор за користење на гостите со гарнитура за седење. Собите се наоѓаат на прв и втор кат и сите се со поглед кон море.

    Вила Александра - Лименас

    €149,00
    Вила Александра е лоцирана во Лименас во близина на шеталиштето со таверни и дуќани , на 300 м. оддалеченост до најблиската плажа и околу 700 м. од градската плажа. Вилата располага со 1/2 и 1/3 студија, опремени со кујна, ТВ, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса. Вилата има паркинг во близина. Координати 40º 46'38.38"N 24º 42' 26.27"E

    МАРТИ Ресорт - Скала Сотира

    €35,00
    Марти Ресорт е лоциран во Скала Сотира на самата плажа . Вилата располага со 1/2, 1/2+1 студија (два класични кревети и софа) и 1/3+1 апартман , опремени со нов модерен мебел, мини фрижидер, ТВ, фен, клима (со доплата),Wi - Fi и сопствена тераса. Вилата има сопствен убаво уреден двор со ресторан и базен со лежалки детско катче. Вилата има сопствен паркинг.